На терен се ангажирани голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка, информира Центарот за управување со кризи.
Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.
Од ЦУК информираат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.
Слични новости
Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје
Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.
Активни пожари во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола, извести Центарот за управување со кризи.
И за празникот жешко време во Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.


