Бројот пензионери кои зависат од социјална помош поради нивните ниски пензии достигна рекордно високо ниво, според податоците на Федералниот завод за статистика, кои медиумите ги објавија во неделата.
Според податоците од крајот на септември 2025 година, 755.300 пензионери во Германија ја примиле таканаречената основна поддршка, вид социјална помош наменета за пензионери чии приходи не можат да ги покријат трошоците за живот.
Прагот за добивање на поддршката е 1.062 евра месечно, но се пресметува индивидуално во зависност од реалните трошоци за живот и сојузната покраина.
Во споредба со истиот период минатата година, бројот на пензионери кои примаат дополнителна државна финансиска помош е зголемен за 25.000. Меѓу нив, жените се застапени над просекот (57 отсто).
Претседателката на левичарската партија BSW, Зара Вагенкнехт, го нарече скандал тоа што сè повеќе пензионери во Германија не можат да живеат од сопствени пензии.
„Сиромаштијата во староста е веќе огромен проблем во Германија и гледаме дека со текот на времето се влошува“, рече Вагенкнехт.
Една од главните причини за зголемувањето на трошоците за живот е зголемувањето на кириите, кои се зголемија повеќе од двојно во последните десет години во поголемите градови како што е Берлин.
Слични новости
Американската економија забрза во третиот квартал
Американската економија забрза во третиот квартал, поттикната од силната лична потрошувачка, извозот и владините трошоци, покажаа прелиминарните проценки од Министерството за трговија
Рекордна цена на златото, доларот слабее
Цената на златото значително расте последните денови, бидејќи овој скапоцен метал се смета за безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња
На Волстрит нов рекорд на S&P 500
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, при што индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од извештајот за побрз од очекуваниот економски раст на САД


