На иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи за, просечно, 8 отсто, соопшти генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис.

 

Иницијативата потекнува од Министерството за развој, со цел трговските синџири да го намалат својот просечен профит во полза на населението, а особено на ранливите групи.

Намалувањето опфаќа 2.180 производи, од кои 1.074 се прехранбени производи, а 1.106 се од други категории. Од вкупниот број, 1.356 производи се од сопствени марки на синџирите, додека 824 производи се трговски марки на производители. Намалените производи опфаќаат околу 10 отсто од вкупниот асортиман во супермаркетите.

Идејата на Владата е пониските цени да се задржат најмалку до крајот на годината.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse