Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун Џими Лаи, основач на продемократскиот весник Apple Daily, за виновен за заговор за договарање со странски сили и објавување материјали што поттикнуваат бунт.
Седумдесети иосумгодишникот беше прогласен за виновен по сите три обвиненија, од кои две се однесуваат на договарање со странски сили. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија и сега се соочува со можна доживотна казна затвор. Висината на казната ќе му биде изречена подоцна.
Лаи, жесток критичар на кинеските власти, се смета за клучна фигура во продемократските протести што го зафатија Хонгконг во 2019 година, на кои Пекинг одговори со воведување закон за национална безбедност, тврдејќи дека тоа е неопходно за стабилноста на градот.
Судењето започна во декември 2023 година и се продолжи многу подолго од првично планираните 80 дена, завршувајќи кон крајот на август по повеќе од 150 дена сослушувања.
Лаи, кој исто така поседува британски пасош, го основалApple Daily кој беше принуден да се затвори во 2021 година откако властите започнаа истраги според сеопфатниот закон за национална безбедност.
Законот ги криминализира делата што Пекинг ги смета за бунт, отцепување и субверзија.
Лаи веќе помина повеќе од пет години во затвор откако беше осуден во претходни случаи.
Слични новости
Англиските лекари стапија во петдневен штрајк среде бранот на грип
Лекарите во Англија започнаа петдневен штрајк во средата поради платите и условите за работа поради среде силниот бран на грип, а покрај сѐ пожесток спор со владата
Лукашенко повикува на брзо решение за Украина: Многу зависи од Трамп и САД
Белорускиот претседател Александр Лукашенко, во интервју објавено во вторникот, повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека САД мора да останат ангажирани во дипломатските напори
Фон дер Лајен: Европа не смее да зависи од туѓите ставови
Европа не смее да дозволи да биде одредена од туѓите погледи на светот, изјави во среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен


