Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун Џими Лаи, основач на продемократскиот весник Apple Daily, за виновен за заговор за договарање со странски сили и објавување материјали што поттикнуваат бунт.
Седумдесети иосумгодишникот беше прогласен за виновен по сите три обвиненија, од кои две се однесуваат на договарање со странски сили. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија и сега се соочува со можна доживотна казна затвор. Висината на казната ќе му биде изречена подоцна.
Лаи, жесток критичар на кинеските власти, се смета за клучна фигура во продемократските протести што го зафатија Хонгконг во 2019 година, на кои Пекинг одговори со воведување закон за национална безбедност, тврдејќи дека тоа е неопходно за стабилноста на градот.
Судењето започна во декември 2023 година и се продолжи многу подолго од првично планираните 80 дена, завршувајќи кон крајот на август по повеќе од 150 дена сослушувања.
Лаи, кој исто така поседува британски пасош, го основалApple Daily кој беше принуден да се затвори во 2021 година откако властите започнаа истраги според сеопфатниот закон за национална безбедност.
Законот ги криминализира делата што Пекинг ги смета за бунт, отцепување и субверзија.
Лаи веќе помина повеќе од пет години во затвор откако беше осуден во претходни случаи.
Слични новости
Трамп ја проширува забраната за влез во САД за странски државјани
Според наредбата објавена од Белата куќа, општата забрана сега ги опфаќа и граѓаните на Буркина Фасо, Лаос, Мали, Нигер, Сиера Леоне и Јужен Судан.
САД го прогласија венецуелскиот режим за странска терористичка организација
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник објави дека режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е прогласен за странска терористичка организација и нареди целосна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела
САД се закануваат со противмерки откако ЕУ го казни Х
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани со широк спектар противмерки против давателите на услуги од Европската унија, вклучувајќи можни такси или ограничувања, доколку компаниите продолжат со она што USTR го нарече „дискриминаторски“ практики


