Судскиот совет денеска треба да формира комисија која ќе ги разгледа сите списи во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Јованов.

 Ова го најави претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, а следи по изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот Васил Јованов за сообраќајката на „Партизанска“.

Тој вчера информира и дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кажа дека ќе бараат максимална казна за виновникот за сообраќајката во која загина Фросина. Ќе бара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела. Според Кулаков, брзината со која возел Васил Јованов е над 160 или 180 километри на час.

Јованов освен што возел со брзина три пати поголема од дозволената, возел пијан, поминал на црвено и немал возачка дозвола. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираше дека во случајот со прегазената Фросина Кулакова Обвинителството постапило по сите стандардни процедури и оти постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов.

Слични новости

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени

Протест во Кочани, се бара одговорност

Протест во Кочани, се бара одговорност

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот