Рамиз Мерко, градоначалник на Струга доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, поради недостиг на докази дека сторил кривично дело.

Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба.

Неговиот адвокат, Игор Петковски, изјави дека пресудата покажува оти не било сторено никакво кршење на законот при набавката на службените возила, чие вкупна вредност изнесува 114.000 евра.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го товареше Мерко за злоупотреба на службена положба и овластување. Случајот доби дополнително внимание откако Мерко беше ставен на црната листа на САД поради, како што беше наведено, сериозни индиции за корупција и мешање во правосудниот систем.

Сепак, Судот процени дека нема доволно основи за кривична одговорност во конкретниот случај на јавна набавка, со што Мерко е ослободен од обвинението.

globe

Слични новости

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.