На струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој утрово беше уапсен, одреден му е 30 дневен притвор. Тој од Кривичен суд вечерва ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиска полиција, УЈП и други служби, поднесе кривични пријави против 27 физички лица и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.

Според истрагата, организаторите на злосторничкото здружение, користејќи ги правните лица кои ги формирале, изготвувале и заверувале фактури со невистинита содржина, внесувале податоци за наводно извршен промет на добра и услуги, за кој пријавените знаеле дека не бил извршен и дека за истиот не биле вршени плаќања на банкарските сметки, сопственост на правните субјекти во што дополнително со свои дејствија им помогнале пријавените сметководители и даночни инспектори од УЈП, велат од полицијата.
Со наведените дејствија пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ од 5.801.937.796 денари или 94,3 милиони евра на штета на државниот буџет.
Слични новости
Мицкоски: Мотивите на претходната Влада биле да останат на власт, на Софија да се создаде нов, вештачки, македонски идентитет, нашиот мотив е Македонија на сите граѓани во ЕУ достоинствено
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Алсат одговарајќи на новинарско прашање зошто го обвинува и го факторизира само Бујар Османи за штетниот договор со Бугарија, беше дециден дека покрај тогашниот министер за надворешни работи Османи ги споменува и Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, но прави и грешка и заборава едно лице, а тоа е Стево Пендаровски.
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува
По пожарот, без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје и превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”
Не мина предлогот на ЛДП за една изборна единица
Предлогот-измените на Изборниот законик, предложени од ЛДП, доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата