На струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој утрово беше уапсен, одреден му е 30 дневен притвор. Тој од Кривичен суд вечерва ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиска полиција, УЈП и други служби, поднесе кривични пријави против 27 физички лица и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.

Според истрагата, организаторите на злосторничкото здружение, користејќи ги правните лица кои ги формирале, изготвувале и заверувале фактури со невистинита содржина, внесувале податоци за наводно извршен промет на добра и услуги, за кој пријавените знаеле дека не бил извршен и дека за истиот не биле вршени плаќања на банкарските сметки, сопственост на правните субјекти во што дополнително со свои дејствија им помогнале пријавените сметководители и даночни инспектори од УЈП, велат од полицијата.
Со наведените дејствија пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ од 5.801.937.796 денари или 94,3 милиони евра на штета на државниот буџет.
Слични новости
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на Македонија
Во фокусот на разговорите, како што информираат од МНР, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна соработка.
СДСМ побара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност
Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“.
Продолжува средбата на Мешовитата историска комисија во Скопје
Во Скопје денеска продолжува средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Теми на разговор се...