Судот за човекови права во Стразбур пресуди во полза на разрешените судии Стојанче Рибарев, поранешен в.д.претседател на Кривичен суд – Скопје, апелационата судијка од Штип, Сузана Здравева и Силвана Илиевска, сега пензионирана судијка од Битола
Судот во Стразбу донесе решенија со кои им се уважуваат тужбите против државата. Сите тројца беа разрешени од Судскиот совет и престана нивната работа како судии.
Како што стои во решението од Судот во Стразбур, судиите немале можност да се жалат на одлуката на Судскиот совет.
„Предметите се однесуваат на неможноста на подносителите на барањето, согласно домашното законодавство, да поднесат жалба против одлуките на Државниот судски совет за нивно разрешување од судиските должности по враќањето на нивните случаи од страна на второстепени одбори формирани во Врховниот суд. Исто така, се однесува на жалбата на вториот подносител на барањето во врска со повреда на принципот на правна сигурност“, пишува во решението.
На тројцата сега веќе поранешни судии им било повредено правото на фер судење.
Стојанче Рибарев прв пат беше разрешен во 2017 година од Судскиот совет поради тоа што на петмина судии не им дал пристап до АКМИС системот и не можеле да работат на предметите од поранешното СЈО. Врховниот суд ја прифати жалбата на Рибарев, но Судскиот совет во 2022 година ја повторува одлуката.
Сузана Здравева беше разрешена од функцијата судија во Апелациониот суд по претставка на компанија, според која во предмет за изградбата на Клиничката болница бил ангажирана адвокатска канцеларија во која како адвокат работи нејзиниот син. Битолската судијка Силвана Илиевска пак Судскиот совет за разреши за нестручно и несовесно работење.
Во решението на Судот за човекови права од Стразбур се вели дека на судијките не им се досудува браниот паричен износ како штета, со оглед на можноста за повторно отворање на домашните постапки.
Илиевска веќе е во пензија, додека Стојанче Рибарев е адвокат, а мпред неполна година беше предложен за член на Граѓанскиот совет за надзор над комуникациите.
Слични новости
Британска амбасада: Британско- македонското стратешко партнерство е фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка
Во врска со пишувања во некои британски медиуми и реакции во земјава за наводно отворање мигрантски кампови, Британската амбасада објави на социјалните мрежи статус со кој посочува дека двете земји имаат воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји
СДСМ: Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски
Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери, порача на партиска конференција за медиумите Александар – Саша – Димитријевиќ, од Централен одбор на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ на партиски конгрес ќе го избира старо-новиот претседател
Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува да биде реизбран за претседател Христијан Мицкоски – единствениот кандидат за функцијата


