Судот за човекови права во Стразбур пресуди во полза на разрешените судии Стојанче Рибарев, поранешен в.д.претседател на Кривичен суд – Скопје, апелационата судијка од Штип, Сузана Здравева и Силвана Илиевска, сега пензионирана судијка од Битола

Судот во Стразбу донесе решенија со кои им се уважуваат тужбите против државата. Сите тројца беа разрешени од Судскиот совет и престана нивната работа како судии.

Како што стои во решението од Судот во Стразбур, судиите немале можност да се жалат на одлуката на Судскиот совет.

„Предметите се однесуваат на неможноста на подносителите на барањето, согласно домашното законодавство, да поднесат жалба против одлуките на Државниот судски совет за нивно разрешување од судиските должности по враќањето на нивните случаи од страна на второстепени одбори формирани во Врховниот суд. Исто така, се однесува на жалбата на вториот подносител на барањето во врска со повреда на принципот на правна сигурност“, пишува во решението.

На тројцата сега веќе поранешни судии им било повредено правото на фер судење.

Стојанче Рибарев прв пат беше разрешен во 2017 година од Судскиот совет поради тоа што на петмина судии не им дал пристап до АКМИС системот и не можеле да работат на предметите од поранешното СЈО. Врховниот суд ја прифати жалбата на Рибарев, но Судскиот совет во 2022 година ја повторува одлуката.

Сузана Здравева беше разрешена од функцијата судија во Апелациониот суд по претставка на компанија, според која во предмет за изградбата на Клиничката болница бил ангажирана адвокатска канцеларија во која како адвокат работи нејзиниот син. Битолската судијка Силвана Илиевска пак Судскиот совет за разреши за нестручно и несовесно работење.

Во решението на Судот за човекови права од Стразбур се вели дека на судијките не им се досудува браниот паричен износ како штета, со оглед на можноста за повторно отворање на домашните постапки.

Илиевска веќе е во пензија, додека Стојанче Рибарев е адвокат, а мпред неполна година беше предложен за член на Граѓанскиот совет за надзор над комуникациите.

globe

Слични новости

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски