Високиот суд во Смедерево утре ќе ја изрече првостепената пресуда за Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона, уби девет, а рани 12 лица.
Во оваа постапка му се суди и на неговиот татко Радиша Блажиќ поради сомнение дека го набавил оружјето со кое неговиот син го изврши злосторството и кое беше пронајдено во семејната куќа.
Главниот обвинител во Смедерво Иван Конатар во завршните зборови предложи судот да ги осуди таткото и синот Блажиќ на максимални 20 години затвор.
Сепак, иако Урош Блажиќ е обвинет за неколку кривични дела меѓу кои и тешко убиство, тој не може да биде осуден на максимална казна од 20 години затвор со оглед на тоа што во моментот на извршување на кривичното дело немаше 21 година, а според законот тој е млад полнолетник, пренесе Танјуг.
Адвокатите на семејствата на убиените и ранетите, вкупно 10 адвокати, се придружија на завршниот збор на обвинителот, а некои од нив имаа и имотни барања.
Бранителот на Урош Блажиќ, предложи судот да го осуди неговиот клиент според законот, а адвокатот на таткото на Блажиќ тврди дека обвинителството не ја докажа неговата вина.
Слични новости
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија
Сараево со денови меѓу најзагадените градови во светот
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.