Сојузен судија во петокот привремено ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги замрзне сојузните грантови, заеми и друга финансиска помош.

Одлуката на американскиот окружен судија Џон Мекконел од Провиденс, Род Ајленд, беше донесена на барање на демократските јавни обвинители од 22 сојузни држави и главниот град Вашингтон, и покрај тоа што Белата куќа соопшти дека го повлекла дописот од Канцеларијата за управа и буџет во кој детално се наведува одлуката којашто демократите ја доживуваат како контроверзна, а беше објавена во понеделник.

Мекконел рече дека доказите покажувале дека политиките на Трамп и натаму остануваат на сила, и покрај формалното повлекување на „широкиот, сеопфатниот и двосмислен“ меморандум од Канцеларијата за управување и буџет на САД.

Според него, тоа е направено „само на хартија“, а можеби и со цел да се отежнат правните оспорувања. Судијата издаде привремена забрана за администрацијата да ја суспендира финансиската помош за сојузните држави.

Мекконел, кој беше назначен од поранешниот демократски претседател Барак Обама, истакна дека Конгресот не му дал на претседателот „неограничена овластување на широко и неодредено време да ги замрзне сите средства кои се експлицитно определени за конкретни корисници и цели“.

Додаде дека ненадејното замрзнување на потенцијално трилиони долари сојузни пари ќе предизвика верижна реакција што директно ќе ја загрози способноста на американските сојузни држави и другите институции да обезбедуваат основни услуги за своите граѓани.

Трамп веќе издаде извршни наредби со кои се обидува да ја запре странската помош, да ги замрзне сојузните вработувања, да ги елиминира програмите за различности во десетици сојузни агенции и да го промени статусот на сојузните службеници за да ги олесни отпуштањето, истовремено нудејќи финансиски стимулации на милиони службеници да ја напуштат државната служба.

globe

Слични новости

Поддршката за Брегзит на најниско ниво мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ

Поддршката за Брегзит на најниско ниво мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ

Само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит. Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит.

Трамп вели дека царините за Мексико и Канада можеби нема да ја вклучуваат нафтата

Трамп вели дека царините за Мексико и Канада можеби нема да ја вклучуваат нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека наскоро ќе одлучи дали да го исклучи увозот на канадска и мексиканска нафта од царините од 25 отсто што тој се закани дека ќе ги воведе во саботата на производите од тие земји