Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип се нови членови на Судскиот совет, соопшти вечерва претседателот на Комисијата за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, Субхи Јакупи, соопштувајќи ги прелиминарните резултати од денешните избори кои се одвиваа од 8 до 15 часот во изборните места во сите судови ширум земјава.
Комисијата денеска спроведе избори за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите од апелациското подрачје Штип и еден член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците, која е повеќе од 20 отсто од населението во државава.

Како што соопшти Јакупи, судијата Аритон Ала бил единствениот кандидат на изборната листа за избор на член на Судскиот совет од редот на судии од посебна листа на кандидати. Во судскиот именик на ниво на Македонија биле запишани вкупно 354 судии гласачи, од кои 295 судии го оствариле своето право на глас. Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 42, додека неупотребени биле 59 гласачки ливчиња.
„Кандидатот Аритон Ала од Апелациониот суд Скопје, бидејќи беше и единствен кандидат кој добил 253 гласа, што значи е избран за член на Судски совет од редот на судии од посебна листа на кандидати од Изборна единица Република Северна Македонија “, рече Јакупи.
За избор на член на Советот од апелационото подрачје Штип, Јакупи рече имало пет кандидати, додека во судскиот именик на ниво од апелационото подрачје Штип, како изборна единица биле запишани 40 гласачи судии. Вкупниот број на судии кои го оствариле правото на глас е 39, додаде Јакупи, додека само 1 гласачко ливче било неупотребено.
„Избран член на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судии од општа листа на кандидати од апелационо подрачје Штип е судијата Данка Ристова од Апелациониот суд Штип, која добила вкупно 27 гласа’, соопшти Јакупи.
Како што појасни, секој кандидат има право на приговор во рок од пет часа од соопштувањето на резултатите, доколку, пак, нема приговори, тогаш по 12 часа се прогласуваат конечни резултати.
Слични новости
Зголемен бројот противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите
Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има
Најнапред да се воспостави мирна состојба односно да се дојде до взаемно решение кое би гарантирало долгорочен мир, а во меѓувреме да се разговара за модалитетите за натамошна помош, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски за Гласот на Америка