Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип се нови членови на Судскиот совет, соопшти вечерва претседателот на Комисијата за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, Субхи Јакупи, соопштувајќи ги прелиминарните резултати од денешните избори кои се одвиваа од 8 до 15 часот во изборните места во сите судови ширум земјава.

Комисијата денеска спроведе избори за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите од апелациското  подрачје Штип и еден член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците, која е повеќе од 20 отсто од населението во државава.

Како што соопшти Јакупи, судијата Аритон Ала бил единствениот кандидат на изборната листа за избор на член на Судскиот совет од редот на судии од посебна листа на кандидати. Во судскиот именик на ниво на Македонија биле запишани вкупно 354 судии гласачи, од кои 295 судии го оствариле своето право на глас. Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 42, додека неупотребени биле 59 гласачки ливчиња.

„Кандидатот Аритон Ала од Апелациониот суд Скопје, бидејќи беше и единствен кандидат кој добил 253 гласа, што значи е избран за член на Судски совет од редот на судии од посебна листа на кандидати од Изборна единица Република Северна Македонија “, рече Јакупи.

За избор на член на Советот од апелационото подрачје Штип, Јакупи рече имало пет кандидати, додека во судскиот именик на ниво од апелационото подрачје Штип, како изборна единица биле запишани 40 гласачи судии. Вкупниот број на судии кои го оствариле правото на глас е 39, додаде Јакупи, додека само 1 гласачко ливче било неупотребено.

Судијката Мери Гичева од Основниот суд Штип добила еден глас, претседателите на Основен суд Штип и Апелацискиот суд Штип, Ацо Тасев и Тони Делев, добиле по три гласа, судијката на Основен суд Штип Невена Перица добила пет гласа, додека судијката Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип добила 27 гласа.

„Избран член на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судии од општа листа на кандидати од апелационо подрачје Штип е судијата Данка Ристова од Апелациониот суд Штип, која добила вкупно 27 гласа’,  соопшти Јакупи.

Како што појасни, секој кандидат има право на приговор во рок од пет часа од соопштувањето на резултатите, доколку, пак, нема приговори, тогаш по 12 часа се прогласуваат конечни резултати.

globe

Слични новости

ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите

ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и дигитализацијата на образованието

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и дигитализацијата на образованието

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, за што денеска Меморандум за соработка потпишаа министерката Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски