Во 2019 година беше извршен „смел упад“ за да се украде златната тоалетна шолја вредна 2,8 милиони фунти од дворецот Бленхајм, каде што е роден легендарниот британски воен премиер Винстон Черчил, беше кажано на судот пред кој се води процесот за кражбата.

Се верува дека карактеристичниот и целосно функционален тоалет, наречен „Америка“, кој беше инсталиран како уметничко дело во куќата за одмор во Оксфордшир, каде што е роден Черчил, се верува дека сега е растурен на делови и продаден, соопштија на кралскиот суд во Оксфорд.

Тоалетната школка на италијанскиот уметник Маурицио Кателан беше главната атракција на изложбата додека крадците вооружени со токмаци не ја украдоа.

Обвинителот Џулијан Кристофер рече дека упадот траел само пет минути. „Овој случај се однесува на кражба на уметничко дело од дворецот Бленхајм во септември 2019 година“, додаде тој.

„Тоа беше необично уметничко дело, целосно функционален тоалет направен од 18-каратно злато, наречен Америка. Тежеше приближно 98 килограми и беше осигуран на шест милиони долари”, додаде Кристофер.

Триесет идеветгодишниот Мајкл Џонс од Оксфорд, во јануари се изјасни за невин за кражба на уметничкото дело за време на упадот во раните утрински часови на 14 септември 2019 година. Фредерик Синес (36) и Бора Гучук (41) негираа по една точка за заговор за пренос на имот.

„Уметничкото дело никогаш не беше пронајдено. Веројатно беше поделено на помали количества злато“, додаде Кристофер.

globe

Слични новости

Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка

Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка

„Мики 17“, новиот филм на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, кој го освои Оскар за најдобар филм со „Паразит“ во 2020 година, е водечки во северноамериканскиот бокс офис овој викенд, според проценките објавени во неделата од специјализираната фирма Exhibitor Relation