Судењето за убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесетгодишниот велешанец Панче Жежовски продолжува во понеделник откако денеска во Основен кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите.
Манев денеска изјави дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче.

Манев, исто така, изјави дека со сега покојниот Панче Жежовски се познавал и дека работел на негова куќа пред 15-16 години, од кога му останал должен и не му исплатил за завршената работа. Тој ја однел полицијата од СВР Велес на местото „Рудник“ во Велес, каде заедно со Влатко Кешишев ископале земуница со цел „да се чуваат грабнатите лица и оттаму да се пуштат на слобода откако ќе се изврши наплата“.
Обвинетиот денеска одговарајќи на прашања на неговиот бранител, во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил Палевски. Тој нагласи дека после убиството на Панче, продолжил со грабнувањето на Вања поради страв и закани од Палевски кон него и неговото семејство.
Манев потенцираше дека сметале оти треба да грабнат жена на 38-40 години и дека се обиделе да го предомислат Палевски откако виделе дека грабнале дете. Воедно, кажа дека за грабнувањата им биле ветени по 150 илјади евра.
Тој тврдеше дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не е вмешан во случајот.
Манев посочи и дека бил изложен на тортура при неговите распити за што рече дека има и докази.
Потоа обвинителството предложи да се прочита исказот даден во обвинителството, поради разликите со денешниот исказ. Откако беше прочитан исказот, судијата ја прекина расправата и одлучи таа да продолжи во понеделник, исто така, со сослушување на Манев.
Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.
Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Слични новости
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата
Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски