Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
На рочиштето ќе сведочат пет нови лица кои биле присутни во објектот критичната ноќ.
Претходно, сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.
Во судскиот процес обвинети се 35 физички и три правни лица, а одделно Основното јавно обвинителство поднесе три обвиненија против 25 полициски службеници за тешки дела против општата сигурност и злоупотреба на службената положба
Слични новости
Недостиг на терапија за пациентите со тип 1 дијабетес
Пациентите со Тип 1 дијабетес се соочуваат со продолжен недостиг на терапија, ленти и сензори, предупредува претседател на Асоцијацијата на дијабетичари, Димче Велев.
Не се одржа седницата на апелацискиот суд по жалбите за доживатна казна затвор за убиствата на Вања и Панче
Се одложи седницата во Апелација по жалбите на Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Измени во законот за трансплантација, граѓаните можат да се согласат да донираат органи со потпис кај матичен лекар
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.


