Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски.
Како што информираат од Кривичен суд за МИА, Судот мислењето го доставил до странките во постапката и рочиштето се одложило за 23 јануари до кога треба да одлучи по барањето на странките и мислењето на обвинителство.
Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за МИА потврдија дека го дале мислењето по напатствија од Апелациониот суд кој во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година. Оттаму најавија повеќе детали во текот на денот.
Претходно, обвинетите кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, поднесоа барање до Основниот кривичен суд да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.
Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, тогаш информираше дека во поднесокот обвинетите навеле дека потребно е Судот да донесе решение за примена на Законот за амнестија, бидејќи веќе има воспоставено таква пракса, односно Кривичниот совет во 2018 година има донесено решение за амнестија во тек на главна расправа, во фаза на доказна постапка, каде не се чекало завршување на доказната постапка.
„Во прилог е доставено решение на Кривичен совет, Одделение за организиран криминал и корупција, од 20.12.2018 година со образложение дека решението било донесено во текот на главна расправа, во фаза на доказна постапка и не се чекало завршување на доказна постапка. На Јавното обвинителство ќе му доставам примерок од ова решение, како и примерок од поднесокот… Јас го разгледав поднесокот и вистина е дека донесено е решение за амнестија во текот на доказна постапка, не само за обвинетиот во наведениот случај, туку и за други обвинети, меѓутоа јавниот обвинител нека се произнесе и нека даде мислење, со оглед на тоа дека овој поднесок го примивме во текот на денешниот ден“, посочи судијата Трпков.
Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор и предметот го врати на повторно судење.
Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.
Слични новости
Јазичниот ТОЕФЛ сертификат од „Јулија“ во Пловдив е валиден, додека не се докаже спротивното, оценија Антикорупционерите
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски
Средба Божиновска – Ангелова: Високите сметки за струја – предизвик и за УКИМ
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова
Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата
Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3 отсто, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции