Дваесет и тригодишната студентка Наџме Амини од Иран е осудена на смрт под обвинение за богохулење поради објава на социјалните мрежи, објавија организации за човекови права.

Амини е притворена во затворот во градот Машхад каде ѝ е изречена и затворска казна од 12 години, шест месеци и еден ден за дела поврзани со националната безбедност и пропаганда против режимот.

Смртната казна сеуште не е правосилна и може да биде обжалена пред врховниот суд на Иран.

Амини беше уапсена за време на јануарските масовни протести во земјата, кои властите насилно ги задушија.

 

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.