Пред седиштето на УЈП се одржа протест на студенти и други граѓани кои работеле во странство, а на кои им стигнало писмо од УЈП дека треба да платат данок. Тие го изразија својот револт и незадоволство од одлуката на УЈП и велат дека од нив се бара да платат високa сумa.
За нив е нелогично што сега треба да платат данок на парите што ги заработиле во 2020 година. Исто така се незадоволни и од односот на вработените во УЈП од кои не можеле да добијат јасни насоки што треба да направат.
Најголем дел од граѓаните кои денеска протестираа се студенти кои работеле во Германија преку „Work i travel“ и граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак.
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


