Пред седиштето на УЈП се одржа протест на студенти и други граѓани кои работеле во странство, а на кои им стигнало писмо од УЈП дека треба да платат данок. Тие го изразија својот револт и  незадоволство од одлуката на УЈП и велат дека од нив се бара да платат високa сумa.

За нив е нелогично што сега треба да платат данок на парите што ги заработиле во 2020 година. Исто така се незадоволни и  од односот на вработените во УЈП од кои не можеле да добијат јасни насоки што треба да направат.

Најголем дел од граѓаните кои денеска протестираа се студенти кои работеле во Германија преку „Work i travel“ и граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак.

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран