Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Првиот заеднички час е денеска од 12 часот на кампусот на факултетите од општествените науки.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николовски изјави дека Ректоратот на Скопскиот универзитет го прифатил нивното барање да им биде дозволено да отсуствуваат од настава и за тоа да немаат последици.

 

-Имавме вонреден состанок на кој присуствуваа наши делегати, претседатели на студентските собранија на факултетите на УКИМ и студенти кои се активни во нашата организација и се договоривме да побараме прекин на редовната настава од денеска до петок, со тоа што од денеска до петок ќе организираме заедничка настава во вид на собири, секој ден во 12 часот, на разни кампуси на Универзитетот. Насоката на Ректоратот е дека студентите нема да бидат обврзани да доаѓаат на настава односно ќе нема последици доколку не присуствуваат. Тоа Ректоратот на УКИМ го прати како насока на барањето што ние го пративме, рече Николовски за МИА.

УСС на УКИМ упати повик до сите студенти, целата академска заедница и граѓаните на државава да присуствуваат на собирите Заеднички час. УСС на своите профили на социјалните медиуми ќе известува за локациите на наредните собири.

Повик за присуство на денешниот собир во 12 часот на платото на УКИМ упати и студентската организација „Студентски отпор“.

globe

Слични новости

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени

Протест во Кочани, се бара одговорност

Протест во Кочани, се бара одговорност

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот