Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.

По кампањата на студентското движење „Студентите победуваат“ веќе неколку недели следува контракампања на поддржувачите на владејачката Српска напредна странка под слоганот „Србија победува“, што често предизвикува тензии и повремени инциденти на улиците.

Студентското движење произлезе од антивладините протести, поттикнати од смртта на 16, претежно млади луѓе, при падот на бетонска настрешница на новореновираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, како и повеќемесечната блокада на 60 факултети на сите четири државни универзитети – во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.

 

Слични новости

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува.