Хулу веќе две години го развива продолжението на хит серијата „Призон брејк “
Продуцент на серијата кој ја развива е Елџин Џејмс кој ќе биде потпишан како креатор на серијата, откако ќе го напиша сценариото и ќе ја режира првата епизода.
Сетот на „Призон брејк“ ќе биде поставен како и во оригиналната серија, но сега ќе има целосно нов каст со Емили Браунинг, Дрејк Роџер, Лукас Гајџ, Клетон Карденас и Мајлс Булок.
„Призон брејк“ ја имаше премиерата на Фокс во 2005 и се емитуваше четири сезони, а потоа во 2017. беа снимени уште девет епизоди. Оригиналната серија се емитуваше и на стримерите Неткликс и Хулу.
Слични новости
Скарлет Јохансон во завршни преговори за да игра во новиот Бетмен
По четири години кога за последен пат играше во филм со стрип јунаците на Марвел Скарлет Јохансон е на чекор да се врати во Готам. Како што известуваат холивудските медиуми, таа е во завршни преговори за да игра во Бетмен 2, секвелот на хитот на Мат Ривс од 2021
Лондонската божикна елка која традиционално ја поклонува Норвешка, вечерва ќе биде осветлена на Трафалгар
Елката симболизира пријателство меѓу Лондон и Осло во церемонија која потсетува на историјата на сојузништво меѓу двете земји. Овогодишната елка наречена „Вечниот Осло“ е висока околу 20 метри и е стара 60 години.
Гиљермо дел Торо добитник на наградата на Британскиот филмски институт
Наградата BFI Fellowship, претхдно ја добија славните режисери Орсон Велс, Мартин Скорцесе и Акира Куросава.


