Европскиот суд за човекови права во Стразбур отворил постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за да оцени дали во предметот постојат сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење.
Еден од клучните сегменти што го интересира судот е користењето на прислушуваните разговори како докази од Обвинителството. Одбраната на Јанкулоска тврди дека таа немала можност да ја оспори нивната автентичност, ниту пак имала пристап до целата документација, што, според нив, ја нарушило рамноправноста на странките во постапката.
Јанкулоска беше осудена на четири години затвор за предметот „Тенк“, што го отвори тогашното Специјално јавно обвинителство. Судот ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања. Според обвинението, таа му помогнала на тогашниот премиер Никола Груевски, со пари на полицијата на наместен тендер да си купи „мерцедес“ од 600.000 евра за лична употреба за кога нема да биде пред новинарите и граѓаните. Екс-министерката беше ослободена од затвор во ноември 2023 година,една година пред истекот на затворската казна.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


