Вредноста на биткоинот на најголемата светска берза на криптовалути Бајненс денеска падна за 1,26 насто и изнесува 89.500 евра. Индексот на страв и алчност денеска се наоѓа на нивото 23 означено како „екстремен страв“.
Најголем пад на берзата на криптовалути има итириумот кој падна за дури 4,48 насто.
Пад забележаа и криптовалутите тонкоин за 2,98 насто во однос на вчера и солана која падна за 1,46 насто. Денеска најмногу се тргуваше токму со биткоин, итириум и солана.
Слични новости
Третина од шпанските сертификати за извоз на свинско блокирани поради африканската чума
Околу една третина од шпанските сертификати за извоз на свинско месо е блокиран, откако избувна африканска чума кај свињите во Шпанија, за прв пат во последните 30 години, соопшти министерот за земјоделство на Шпанија Луис Пианас.
Цените на нафтата паднаа под притисок на страхувањата за прекумерна понуда
Цените на нафтата и денеска се пониски, под притисок на стравувањата за прекумерна понуда и се движат кон четврти последователен месечен пад, најдолг во низа во последните две години.
Крај на повеќемесечната нестабилност на европските акции
Акциите на европските берзи се во плус, по бурниот месец предизвикан од неизвесностите околу перспективите на раст на компаниите поврзани со работата на вештачката интелигенција.


