Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово,. Тој сè уште не го зел решението за назначувањето и најави официјална изјава во текот на утрешниот ден

 

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера по посетата на семејството на младиот кумановец кој почина по примена терапија, во изјава за медиуми информираше дека го разрешува д-р Стефан Трајановски, укажувајќи дека ДЗСИ констатирала неправилности во болницата за што е разрешен Трајановски, а најави и дополнително испитување од официјалната комисија за утврдување на лекарска грешка.

Стошевски е магистер на економски науки, а 17 години е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.

globe

Слични новости

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани 

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани 

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани

Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна

Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а 178 се повредени, продолжија продлжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов