Косовскиот Институт за безбедност и отпорност – PREVENT објави извештај насловен „Безбедност на северот на Косово по терористичките напади во Бањска и каналот Ибер-Лепенец: Кои се следните чекори?“, јави РТК.

Во извештајот се наведува дека „повеќе од една година по српскиот терористички напад во селото Бањска, Звечан, водачот на оваа група, Милан Радоичиќ, останува неказнет и заштитен во Србија. По нападот во Бањска, северниот дел на земјата беше цел и на друг терористички напад врз водоснабдителниот канал Ибер-Лепенец“.

Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља изјави дека борбата против организираниот криминал е приоритет за Владата.

– Од нашите почетни активности, се соочивме со терористички акти врз полицајци, како и барикади кои го попречуваа слободното движење. Регистриравме стотици напади врз полицијата, медиумите и граѓаните, сите поврзани со Србија. Сепак, нашата посветеност на борбата против организираниот криминал останува силна, изјави тој.

Извештајот ја анализира безбедносната ситуација во северните општини на Косово по нападите од 24 септември 2022 година и 29 ноември 2024 година

globe

Слични новости

Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас

Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас

Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија

Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател