Протекување на вода оштети неколку стотици дела во египетскиот оддел на Лувр кон крајот на ноември, изјавија од парискиот музеј за AFP, само неколку седмици откако спектакуларната кражба на накит од истиот музеј покрена прашања за состојбата на неговата инфраструктура.
„Меѓу 300 и 400 дела“ беа погодени од истекувањето откриено на 26 ноември, изјавил во неделата заменик-директорот на музејот, Франсис Штајнбок, велејќи дека станува збор за „египтолошки дневници“ и „научна документација“ што ја користат истражувачите.
Оштетените предмети датираат од крајот на XIX и почетокот на XX век и се „исклучително ползени“, но „во никој случај не се единствени“, додава Штајнбок.
„Ниеден историски артефакт не е оштетен“, рекол тој, додавајќи дека „во оваа фаза, немаме непоправливи и трајни загуби во овие колекции“.
Овој инцидентот следи по грабежот во октомври во кој банда од четири члена упадна во најпосетуваниот музеј во светот среде бел ден, крадејќи накит вреден околу 102 милиони долари за само седум минути пред да избегаат со скутери.
Тоа предизвика широка дебата за застарената инфраструктура на музејот.
Лувр соопшти дека ќе спроведе внатрешна истрага за протекување минатиот месец предизвикано од ненамерно отворање вентил во неговиот систем за греење и вентилација, дозволувајќи водата да се пробие низ таванот на крилото Молиен каде што се чувале споменатите книги.
„Целосно застарениот“ систем е затворен со месеци и треба да биде заменет до септември 2026 година, додал директорот на музејот.
Делата ќе „бидат сушени, испратени во книговезница за реставрација, а потоа вратени на полиците“, според Штајнбок.
Кон крајот на ноември Лувр објави дека ќе ги зголеми цените на билетите за повеќето посетители кои не се од ЕУ, што значи дека американските, британските и кинеските туристи, меѓу другите, ќе треба да платат 32 евра за влез.
Од музејот изјавија за AFP дека зголемувањето на цената од 45 отсто има цел да ги зголеми годишните приходи до 23 милиони долари за финансирање на структурните подобрувања во културната институција.
Лувр е најпосетуваниот музеј во светот, со 8,7 милиони посетители во минатата 2024 година, од кои 69 отсто биле од странство.
Слични новости
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија


