Маршевите во 73 града ширум Франција вчера собраа над половина милион луѓе. Пред демонстрациите во кои учествуваа студентите, вработените во јавниот сектор, па дури и во приватните фирми, властите предупредија граѓаните да се воздржуваат од судири со полицијата.

Поголемиот дел од протестите беше мирен, но сепак на одделни места полицијата мораше да интервенира што беше случај во Париз, Лион, Нант и Рен каде што полициските сили употребија солзавец.

Синдикатите порачаа дека протестите нема да запрат се додека владата не ги исполни нивните барања меѓу кои се зголемување на платите, мерки против високите трошоци за живот и поголеми вложувања во јавните служби.

Владата соопшти дека работата на една третина од установите за високо образование е пореметена поради штрајковите и протестите, додека синдикатот на Унијата на студентите тврди дека се погодени дури 90 насто од Универзитетите.

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.