Неколку стотици луѓе, можеби дури и илјадници, се загинати од циклонот Шидо во францускиот архипелаг Мајот во Индискиот Океан, изјави во неделата висок локален француски функционер преку локалниот медиумски канал Mayotte La 1ere.
„Мислам дека сигурно ќе има неколку стотици, можеби ќе достигнеме илјада, па дури и неколку илјади“, процени локалниот префект Франсоа-Ксавие Биевил.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека „ќе биде тешко да се даде точен број на жртви“, особено во оваа фаза.
„Ќе биде комплицирано бидејќи Мајот е муслиманска земја во која мртвите се погребуваат во рок од 24 часа“, изјави претходно претставник на француското Министерство за внатрешни работи.
Покрај тоа, на Мајот живеат и на повеќе од 100.000 мигранти без документи, додаде Министерството.
Циклонот Шидо го погоди Мајот во текот на ноќта, објави Meteo-France, носејќи ветрови побрзи од 200 км/ч и оштетувајќи импровизирани станови, владини згради и болница. Тоа беше најсилната бура што го погодила архипелагот во повеќе од 90 години, според метеоролошката станица.
Снимките од воздух споделени од француската жандармерија покажуваат остатоци од стотици импровизирани куќи расфрлани низ ридовите на еден од островите кои припаѓаат на Мајот, кој е жариште на илегална имиграција од блиските Комори.
Тешкотиите во одредувањето на точниот број на загинати по циклонот, исто така, предизвикаа загриженост за пристапот до храна, вода и санитарни услови, соопштија властите.
Сместен на речиси 8.000 километри од Париз и четири дена поморско патување, Мајот е значително посиромашен од остатокот на Франција и со децении се бори со насилството на локалните банди и социјални немири. Околу 77 отсто од луѓето во Мајот живеат под француската линија на сиромаштија. Тензиите беа поттикнати од недостигот од вода на почетокот на оваа година.
Циклонот го погоди северниот дел на Мозамбик во неделата, каде се уште не е утврден степенот на штетата. Силниот дожд и ветровите ја оштетија електричната и телекомуникациската инфраструктура, објави веб-страницата за безбедност NetBlocks на X.
Слични новости
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната
Eвропската комисија предупреди на загрижувачката економска состојба во десет земји
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди во средата Европската комисија
Медиумите и телекомуникациите на полската листа стратешки компании
Полска ќе додаде неколку медиумски и телекомуникациски компании на својата листа стратешки компании, што значи дека тие не можат да се продаваат без одобрение од владата