Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.
„Кога побаравме од Општината информациите од оваа мерна станица да бидат видливи и интегрирани на апликациите како Air Care, нешто што е дел од нашите главни барања, од таму ни одговорија, цитирам: „Мерните станици нема да можат да се интегрираат во апликацијата Air Care, Air Quality на МЖСПП, бидејќи истите не располагаат со систем кој што поддржува 24/7 достапност на податоците“.
Ова тврдење на Општината е целосна лага. Уредот кој општината го набави и во 2024 година го постави е Aeroqual AQS-1. Истиот поддржува онлајн пренос и API. Мери PM10, PM2.5, но и SO₂ и NOx, а ние го гледаме само она што тие ќе одлучат да го објават, обвинија од граѓанската иницјатива „Стоп за Усје“.
Тие бараат мерната станица во дворот на Усје да почне да работи и мерењата да бидат видливи 24/7.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

