Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска  ќе одржи протестен марш како притисок за поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје.

„Оваа сабота одиме на марш, поради молкот на институциите и бегањето од одговорност! Излегуваме на улица за правото на чист воздух и за конечно институциите да почнат да реагираат, бидејќи ниту еден профит не е поважен од животот на граѓаните, се вели во повикот на организаторите.

Организаторите инсистираат на мирен протест без партиски обележја, со што се обидуваат да ја зачуваат автентичноста на еколошката кауза и да спречат политичка инструментализација на правото на чист воздух.

 

Слични новости