Стоперот на Барцелона има потешка повреда од првичните прогнози дека за четири недели би можел да се вртаи на теренот. Новите лекарски контроли покажуваат дека данскиот стопер го очекуваат минимум два месеци пауза.
Кристенсен ја стекна довербата на тренерот Ханси Флик и беше во одлична форма, но го повреди мускулот на бутот.
Кристенсен ќе пропушти најмалку осум натпревари меѓу кои и гостувањето на Барца против европскиот шампион Париз Сен Жермен и „Ел класикото “ со Реал Мадрид.
Слични новости
Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната
Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.
Бешикташ славеше со 2:1 во дербито против Фенербахче
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.
Рома со пресврт во завршницата ја победи Аталанта
Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.


