Стопанската комора презентира свои предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.

Стопанската комора смета дека големиот број на неработни денови во државата создаваат проблеми за работодавачите.

Според Комората, бројните неработни денови создаваат сериозни проблеми во работењето на компаниите и ја намалуваат продуктивноста.

Комората има подготвено и компаративна анализа за бројот на неработни денови во други земји, како аргумент дека во Македонија се претерува со бројот на неработни денови, на сметка бизнис продуктивноста.

 

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.

Заради величењето на осудениот воен злосторник Младиќ – Китановиќ може да ја изгуби директорската функција во владата

Заради величењето на осудениот воен злосторник Младиќ – Китановиќ може да ја изгуби директорската функција во владата

Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.