Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот стана нов министер за финансии на Норвешка, како дел од реконструкцијата на владата, заземајќи ја позицијата во време кога нордиската земја ги преиспитува ефектите од потенцијалниот трансатлантски трговска војна.
Назначувањето на влијателниот Столтенберг може да ја зајакне стагнантната поддршка на лабуристите на анкетите пред парламентарните избори во септември. Искусниот политичар беше премиер на земјата од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година.
Ја водеше западната воена алијанса десет години, вклучително и за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, а минатата година заврши неговиот неколкупати продолжуван мандат на функцијата.
Неговото назначување ќе донесе вешт преговарач и дипломат во норвешката влада во време на глобални трговски тензии, оценува Reuters.
„Овој тим е подготвен да ја води Норвешка во предизвикувачки времиња. Ќе донесеме политики кои ќе направат разлика во секојдневниот живот на луѓето и свесни сме за нестабилноста во светот од која е засегната Норвешка, како мала земја“, изјави премиерот Јонас Гар Стоере за новинарите пред кралскиот дворец по средбата на новата влада со кралот Харалд.
Во НАТО, Столтенберг го нарекуваат „шептачот на Трамп“ затоа што го убедил американскиот претседател да ја задржи земјата во алијансата откако за време на неговиот прв мандат се пожали дека сојузниците трошат премалку за одбрана за што плаќаат даночните обврзници во САД и се закануваше дека ќе ја повлече земјата од воениот пакт.
Норвешка, извозно ориентирана земја со 5,5 милиони жители и која не е членка на Европската унија, стравува дека би можела да биде ранлива на трансатлантска трговска војна доколку Трамп ја исполни својата закана дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ. Главниот извоз на Норвешка се нафта, гас и риба.
Норвешката евроскептична Централна партија ја напушти владата во четвртокот поради спорот околу прифаќањето на енергетската политика на Унијата, оставајќи ја централно-левичарската Лабуристичка партија сама на власт. Лабуристите стагнираат на анкетите пред изборите во септември.
Столтенберг, кој генерално се смета за „прагматичен центрист“, беше популарен меѓу Норвежаните додека беше во НАТО, а исто така и потоа, и можеше да ги зголеми перспективите на неговата партија. 65-годишниот е образуван како економист и претходно беше министер за финансии од 1996 до 1997 година.
Столтенберг требаше да стане шеф на норвешката централна банка во 2022 година, но тој не ја презеде функцијата откако тогашниот американски претседател Џо Бајден побара од него да остане на чело на НАТО уште некое време.
Слични новости
Трудо: За триесет дена одложени американските царини за Канада
Канадскиот премиер и американскиот претседател разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, известуваат медиумите
Реформската партија првпат води во британските анкети
Десничарската партија Reform UK сега е најпопуларна политичка партија во Обединетото Кралство, пред владејачката Лабуристичка партија
Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес
Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција