Холивудскиот режисер, ветеранот Стивен Спилберг разговара да биде извршен продуцент и човек задолжен за креативните решенија во осмото продолжение на хит франшизата „Трансформери“.
Новиот филм ќе биде повторно во продукција на студиото „Парамаунт“, базиран врз играчките на Хасбро.
Спилберг треба да соработува со продуцентот Лоренцо ди Бонавентура и Мајкл Беј, кој ги режираше првите пет филма од франшизата „Трансформери“.
Засега Парамаунт не отркива детали за кастот на осмото продолжение на франшизата, но сигурно е дека сценаристката Шиа Ле Баф нема да работи на новиот филм.
Слични новости
Поранешниот принц Ендру ја тужи англиската полиција поради апсењето во врска со Епстин
Тој поднесе барање за судско преиспитување во врска со налозите за претрес што и овозможија на полицијата да изврши рација во неговата куќа. Ова е за прв пат некој член на кралското семејство да ја оспорува законитоста на судската постапка против себе уште од судењето на Чарлс Први во 1649 година.
Фијаско на филмот „Копачот“ на Алехандро Инариту со Том Круз на Бокс офисот
Сатиричната црна комедија „Копачот“ на славниот режисер Алехандро Инариту со мега ѕвездата Том Круз во главната улога доживеа голем неуспех на кино благајните на премиерниот викенд во САД. Филмот кој се прикажува во 3.300 кина во САД заработи само 8 милиони долари, далеку под сите очекувања на студиото Ворнер Брос.
Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија
Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.


