Креаторот на култната серија Пики Блајндерс Стивен Најт чии шест сезони се емитуваа на стримерот Нетфликс, рече дека го завршил филмот Пики Блајндерс кој е продолжение на серијата.

„Завршивме со снимање на 13 декември. Филмот е толку добар што го одзема здивот, изјави Стивен Најт.

На кастот што го предводат Килијан Марфи и Стивен Грахам, во филмот му се приклучија Тим Рот, Ребека Фергусон и Бари Кеоган.

Стивен Најт кој беше договорен филмот да се емитува само на Нетфликс сега посакува филмот да игра и во кино салите заради квалитетот на филмот, но вели и дека би било убави страснните фанови на Пики Блајндерс да се соберат заедно во еден објект и заеднички да го гледаат филмот.  

Режисер на филмот е Том Харпер, а ликот на злогласниот гангстер Томас Шелби повторно го игра Килијан Марфи, кој во меѓувреме доби Оскар за главна машка улога во Опенхајмер.

Слични новости