Романскиот народ мора да биде уверен дека изборите во таа земја се ослободени од злонамерно странско влијание, соопшти американскиот Стејт департмент, откако Уставниот суд на Романија го поништи првиот круг од претседателките избори во таа земја поради обвиненијата за мешање на Русија.
„Соединетите Американски Држави повторно ја потврдуваат довербата во романските институции и процеси, вклучувајќи и истраги за малигно странско влијание“ се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Уставниот суд на Романија вчера ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори, откако беше симната строгата тајна од безбедносните документи и беше соопштено дека процесот на изборите мора да биде повторен во целост.
Судот соопшти дека владата ќе определи нов датум за одржување на изборите.
Претседателот во заминување Клаус Јоханис во средата објави документи од кои беше симната ознаката тајност, во кои е детално опишана масовна и како што се наведува „високо организирана“ кампања за Георгиеску.
Документите вклучуваа и разузнавачка проценка дека Русија изведува хибридни напади врз Романија, на која гледа како на непријателска земја.
Независниот кандидат на крајната десница со проруски ставови Калин Георгиескупобеди во првиот круг на изборите, а во вториот круг влезе и проевропскиот кандидат Елена Ласчони. Вториот круг од изборите требаше да се одржи утре, а во странство веќе беше почнато гласањето, пренесува Танјуг.
Слични новости
Членовите на некогашното грчко кралско семејство побараа грчко државјанство
Членовите на некогашното грчко кралевско семејство поднесоа барање за грчко државјанство и официјално го признаа републиканскиот систем на власта во таа земја, 50 години откако беше укината монархијата во Грција
Ден на жалост во Хрватска по нападот во училиштето
Во Хрватска е Ден на жалост по трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште Пречко, во кој едно дете загина, а три други беа повредени, заедно со наставникот кој се обиде да го спречи 19-годишниот напаѓач
Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, во петокот побара од судот максимална казна за родителите на момчето кое во мај 2023 година со пиштолот на неговиот татко во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и чувар а рани уште пет ученици и наставничката.