Американскиот Стејт департмент во понеделникот на Меѓународниот ден за борба против корупцијата денеска означи 14 лица за вклученост во значителна корупција, меѓу кои се и две личности од Македонија, Артан Груби и Енвер Беџети.
Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети јавно се означуваат за нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.
„Денешното означување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може и нема да биде толерирано. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција бидејќи тоа ги поткопува демократските институции и ја разјадува довербата на јавноста. Никој не е над законот и одговорноста е неопходна за напредок“, напиша амбасадорката Анџела Агелер на социјалните мрежи.
Мијалков, исто така, беше означен од Стејт Департментот за значителна корупција во 2022 година.
Од Стејт Департментот додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби.
Во ноември 2023 година, судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, за кого Судскиот совет отиде во контрола и утврди дека 9 месеци го чувал предметот на Мијалков „Тврдина-Таргет” за да застари, помина само со парична казна. Судскиот совет по поведена дисциплинска постапка, одлучи да го казни Беџети 20 отсто од платата во наредните 6 месеци.
Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на Стејт департментот.
„ Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок “, истакна амбасадорката Агелер.
Слични новости
Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, вели Мицкоски
-Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања, не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.
Промовиран првиот водич за обезбедување бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава
Водичот е резултат на соработката помеѓу Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Високиот комесар за бегалци во Северна Македонија (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници и Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
Шукова; За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР
За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.