Враќањето на Стефон Кари на теренот по 27 пропуштени натпревари го расипа тимот на Хјустон кој ги победи Голден Стејт со 117:116 со кош на Алперен Шенгун 11 секунди пред крајот на мечот. Потоа Кари се обиде со шут за три поени да донесе победа за својот тим, но го промаши шутот.

Кари мина на теренот 26 минути и постигна 29 коша. Тој рече дека бил многу нервозен пред враќањето на терен по повредата на десното колено, но откако влегол во игра, адреналинот ја презел контролата.

Тренерот на Голден Стејт Стив Кер изјави дека неговиот тим сега повторно се враќа во игра за плеј офот, откако во тимот се врати Кари. Голден стејт е 10-ти на западот и учество во плеј офот ќе мора да обезбеди преку плеј инот.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.