Холандскиот стопер Стефан де Вриј е незадоволен од својата минутажа во Интер и би сакал да ја промени средината веќе во зимскиот преоден рок за да ги зголеми шансите да биде во составот на репрезентацијата за Светското првенство во 2026 година, објавија италијанските медиуми.

Во изминатите седум сезони, 33-годишниот Де Вриј беше редовен играч во првиот тим на Интер, играјќи 286 натпревари за „Нераѕурите“. Сепак, оваа сезона ретко добива шанса и има впишано само седум настапи. Бидејќи неговиот договор истекува во јуни следната година, „Нераѕурите“ се подготвени да слушнат понуди за холандскиот фудбалер, бидејќи ова е последна шанса да заработат пари од неговата продажба.

Италијанските медиуми објавуваат дека Нотингем Форест, Бенфика и Болоња се заинтересирани за холандскиот стопер. Де Врај одигра 77 натпревари за холандската репрезентација и постигна четири гола.

globe

Слични новости