Италијанскиот дизајнер Стефано Габана се повлече од позицијата претседател на модната куќа „Долче и Габана“ што ја осниваше заедно со Доменико Долче, соопшти компанијата.

Како што се наведува, оставката на Габана претставува природна еволуција на организициската структура и управување со компанијата, пренсе Ројтерс.

63 гоишниот Стефано Габана, ќе продолжи да ја врши својата креативна улога во модната куќа.

Габана беше присутен на последната ревија на брендот, каде што во првиот ред седеше поп ѕвездата Мадона.

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.