Стелантис, матичната компанија на американскиот произведуваќ на автомобили Крајслер реши да повлече 52.565 возила во САД поради софтверска грешка која би можела да го спречи активирањето на воздушните перничиња за време на судар и да го исклучи електронскиот систем за безбедност.
Како што наведе Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата во САД, продажните дилери бесплатно ќе ги ажурираат софтвер модулите на контролерите на заштитните перничиња за патниците, пренесува Ројтерс.
Во јуни годинава Стелантис веќе повлече 250 000 возила во САД поради неправилно затварање на страничните воздушни завеси.
Слични новости
Русија и испорача рекордно количество злато на Кина
Кина во ноември купи рекордно количество злато од Русија. Најголемиот износ било кога во билатералната трговија изнесува 961 милион долари, известуваат медиумите, повикувајќи се на податоците на царината на Кина.
Форбс: Пораснаа акциите на Илон Маск богаството сега му е проценето на 749 милијарди долари
Американскиот милијардер Илон Маск повторно урна рекорд и неговото богатство во моментов изнесува 749 милијарди долари, пренесе Форбс.
Британија речиси двојно ја намали помошта за Западен Балкан во борбата против дезинформации
Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од 45,7 милиони евра минатата година, на 27,36 милиони евра за 2026 година.


