Бриџит Џонс, откачената филмска хероина, им се придружи на Мери Попинс, Хари Потер и други сакани филмски ликови со своја статуа на лондонскиот Лестер Сквер.

Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер, која го толкуваше главниот лик во сите четири филмови „Бриџит Џонс“, присуствуваше во понеделникот на откривањето на статуата по повод 25-годишнината од појавувањето на првиот филм „Дневникот на Бриџит Џонс“.

„Прилично е лудо. Помачлу е чудно. Не е нешто што некогаш би го очекувале (…) тоа е големо изненадување“, рече Зелвегер.

Авторката Хелен Филдинг го создаде ликот на Бриџит Џонс пред повеќе од 30 години за колумна во весник во која детално опишуваше љубовниот живот на Бриџит.

Статуата на Бриџит Џонс е дел од филмската патека наречена „Scenes in the Square“, исполнета со скулптури на филмски ликови на Лестер Сквер, каде што се одржуваат многу филмски премиери. Патеката беше отворена во 2020 година и вклучува статуи на Лорел и Харди, како и на Бетмен, меѓу другите.

Ерик Фелнер, претседател на филмската компанија „Working Title“, која ја продуцираше франшизата „Бриџит Џонс“, по најавата дека ќе биде подигната статуа во центарот на Лондон во чест на истоимената хероина, изјави: „Одлично е бидејќи Бриџит е вистински лондонски херој, а идејата таа да биде постојано присутна во центарот на Лондон е навистина возбудлива“.

Задоволен, Фелнер се пофали: „Ова е првпат да изберат лик од романтична комедија“.

globe

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година