Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со притисок внатре во својата партија и владата да ја разгледа временската рамка за своте повлекување од премиерската функција, откако повеќе од 80 пратеници на Лабуристичката партија побараа негова оставка, пренесува британскиот весник „Тајмс“.

Стармер денеска ќе претседава со состанок на неговиот кабинет, чии министри се поделени во поглед на неговата иднина, пренесува Би Би Си, додавајќи дека шест помошници министри биле заменети откако поднесоа оставки или го повикаа Стармер да поднесе оставка.

Весникот „Гардијан“ пренесува дека два високи министри во кабинетот -министерката за надворешни работи Ивет Купер и министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд му кажале на премиерот дека би требало да спроведе транцизија на власта по тешкиот изборен пораз.

Притисокот врз Стармер расте поради неговите кататсрофални резултати на локалните избори во Англија, Шкотска и Велс минатата недела.

Слични новости

Арагчи во Москва на средба со Путин

Арагчи во Москва на средба со Путин

Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, слета во Санкт Петербург пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин.