Премиерот на Велика Британија Кир Стармер денеска пристигна во четиридневна посета на Кина и изјави дека Велика Британија не мора да бида меѓу САД и Кина.
„Јас сум прагматичар, британски прагматичар кој проименува здрав разум“ изјави Стармер, кој порача дека британски интерес е да се соработува со Кина која носи огромни можности.
Стармер во Кина води делегација од 50 британски бизнисмени, вкјлучувајќи ги менаџерите на Бритиш Ервејз, ХСБЦ банката и Јагуар Ланд Ровер.
Стармер е првиот премиер на Велика Британија што ја посетува Кина по 2018 година.
Посетата на Стармер на Пекинг доаѓа во време на влошени односи меѓу Велика Британија и Кина поради засилената загриженост за кинеска шпионажа, поддршката на Пекинг на Москва во војната во Украина и сузбивањето на граѓанските права во поранешната британска колонија Хонг Конг.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
