Британскиот премиер Кир Стармер изјави во неделата дека европските лидери се согласиле да подготват мировен план за Украина и да го поднесе до Соединетите држави, што го смета за витален чекор за Вашингтон да може да понуди безбедносни гаранции, кои според Киев се клучни за одвраќање на Русија.
На самитот во Лондон само два дена откако Володимир Зеленски се судри со американскиот претседател Доналд Трамп и беше прекината неговата посетата на Вашингтон, европските лидери му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател и ветија дека ќе направат повеќе за да ѝ помогнат на неговата земја.
Европските лидери се согласија дека треба да трошат повеќе за одбраната за да му покажат на Трамп дека континентот може да се заштити себеси, а со оглед на тоа што многу земји се борат со веќе затегнатите јавни финансии, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајенм предложи 27-члениот блок да ги релаксира правилата за долгот.
Стармер, кој топло го прегрна видно потресениот Зеленски во саботата, рече дека Обединетото Кралство, Украина, Франција и „некои други земји“ ќе формираат „коалиција на волните (подготвените)“ и ќе состават мировен план што ќе му го претстават на Трамп. Тој не спомна кои други земји, но рече дека неколку земји се подготвени да се приклучат.

„Денес сме на крстопат во историјата. Ова не е време за повеќе разговори. Време е за акција“, рече Стармер.
Откако во Овалната соба Трамп остро го прекоруваше Зеленски, што предизвика стравувања дека САД ќе ја повлечат поддршката за Украина и наместо тоа ќе наметнат мировен план за кој се преговара со Русија, ЕУ и Велика Британија се борат да обезбеди Киев да не биде исклучен од разговорите, иако и Вашонгтон и Москва потврдија дека украинската страна, па дури и Брисел, ќе бидат вклучени во вистинските преговори.
За да го направат тоа, неколку лидери рекоа дека мора да ги зголемат трошоците за одбраната, што сметаат дека е нештото коешто може да помогне да се охрабри Трамп да понуди американска безбедносна гаранција во случај да биде постигнат договор за мир.
„По долг период на недоволно инвестирање, сега е од најголема важност да се засилат инвестициите во одбраната во подолг временски период“, изјави за новинарите претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„На земјите-членки им треба повеќе фискален простор за да ги зголемат трошоците за одбрана“, рече таа, додавајќи дека Европа треба да ја претвори „Украина во челична свиња која е несварлива за потенцијалните напаѓачи“.
Полскиот премиер Доналд Туск рече дека лидерите се согласиле дека Европа мора да преземе поголема одговорност и да почне да го носи товарот на „повеќе трошења за своите одбранбени буџети во рамките на НАТО“.
Додаде дека сите лидери се согласиле дека мора да одржуваат блиски врски со САД.
Во недостиг на залихи од оружје и муниција на САД, ЕУ се надева дека ќе го убеди Трамп дека може да се брани, но дека Русија само ќе се придржува до мировниот договор што доаѓа со поддршка од Соединетите држави.
Разговорите со САД се фокусираа на тоа Вашингтон да обезбеди поддршка за европската мировна улога, најверојатно во форма на воздушно покривање, разузнавање и надзор, како и поголема, сè уште неодредена закана доколку рускиот претседател Владимир Путин повторно се обиде да заземе поголема територија.
Но, клучно за постигнување каков и да е договор со Трамп е европските држави да ги зголемат трошоците за одбрана и да сигнализираат дека ќе учествуваат во каква и да е мировна улога, нешто што Стармер призна дека е тешко да се постигне едногласност. Меѓутоа, Русија веќе предупреди дека за неа не прифатлива никакво присуство на странски воени сили во Украина.
Стармер ги зголеми трошоците за одбраната пред неговата посета на Вашингтон минатата недела, а генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека некои европски лидери приватно ги изложиле новите планови за одбранбени трошоци на состанокот, но тој одби да даде детали.
Трамп ја смени американската политика кон тригодишната војна откако се врати во Белата куќа во јануари, фрлајќи сомнеж во нејзината воена и политичка поддршка за Украина и ЕУ, и ставајќи крај на западната изолација на Москва. Ја шокираше Европа со тоа што му се јави на Путин и испрати делегација во Саудиска Арабија на разговори со Русија, без да ги вклучи Украина или Европа. Трамп притоа сугерираше дека Киев е одговорен за започнување на војната, а во петокот го критикуваше Зеленски дека не е благодарен за американската помош и дека ги жртвувва својот народ и земјата и оти ќе предизвика „трета светска војна“.
Кавгата на Зеленски со Трамп во петокот ја заврши седмицата во која ЕУ се чинеше дека е во подобра позиција да го натера Трамп да продолжи да ја поддржува Украина по срдечните посети на Вашингтон на францускиот претседател Емануел Макрон и Стармер. Стармер ја опиша кавгата меѓу Зеленски и Трамп во Овалната соба како непријатна за гледање, но сакаше да се заложи за продолжување на разговорите нудејќи се себеси како посредник меѓу Европа и САД.
Во дополнителен знак на поддршка за украинскиот лидер, Зеленски подоцна отиде да се сретне со кралот Чарлс во неговата приватна резиденција во источна Англија.
Како потврда дека односите на Вашинготн кон Киев се заострени, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, во неделата изјави за CNN дека на САД им треба украински лидер кој е подготвен да обезбеди траен мир со Русија, но дека не е јасно дали Зеленски е подготвен да го стори тоа.

Слични новости
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево