Британскиот премиер Кир Стармер се дистанцира во средата од неименуваните партиски сојузници, велејќи дека ќе се спротивстави на секој обид за оспорување на неговото лидерство, поддржувајќи го својот министер за здравство Вес Стритинг, за кој се вели дека е главен кандидат за премиерската позиција.
Откако на брифинг за избрани медиуми доцна во вторникот вечерта беше покренато прашањата за авторитетот на премиерот, Стармер, чиј рејтинг од победата на изборите во јули 2024 година значитечно падна, се појави пред пратениците за да се обиде да ги исправи работите, велејќи дека „никогаш не одобрувал напади“ врз неговите министри.
Стармер алудираше на брифингот на „неговите сојузници“ во кој тие рекле дека премиерот ќе се бори против секој предизвик за неговото лидерство, а Стритинг и министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд беа именувани како можни кандидати за негова замена.
Премиерот на пратениците им рече дека „секој напад врз членовите на неговиот кабинет е целосно неприфатлив“.
„Никогаш не сум одобрувал напади врз членови на кабинетот. Ги назначив на нивните позиции затоа што се најдобрите луѓе за извршување на своите работи (…) Ова е обединет тим и ние работиме заедно на исполнувањето на задачите“, рече Стармер.
Неговиот политички портпарол го опиша брифингот и извештаите што произлегоа од него како „фрустрирачко одвлекување на вниманието од работата што ја извршува владата“.
Претходно денеска Стритинг беше принуден да негира дека планира да го отстрани од позоцијата Кир Стармер, откако неименувани сојузници на премиерот им кажаа на медиумите дека стравуваат дека може да има обид за смени во водството на владата кон крајот на ноември, по гласањето за буџетот на 26-ти ноември.
„Категорично велам дека брифингот е неточен“, изјави Стритинг за BBC Radio. „Нема да барам оставка од премиерот“, изјави подоцна Стритинг за Sky News. „Го поддржувам премиерот. Го правам тоа откако беше избран за лидер на Лабуристичката партија“, додаде министерот за здравство.
Многу е тешко да се отстрани лидерот на Лабуристичката партија, бидејќи секој обид би барал поддршка од 20 отсто од пратениците на таа партија во парламентот, што приближно значи дека околу 80 од нив би требало да поддржат алтернативен кандидат.
Стармер ги одведе Лабуристите до една од најголемите изборни победи во британската историја во 2024 година, но само 16 месеци подоцна партијата е во пад во анкетите и е подготвена да прекрши едно од своите главни изборни ветувања и да го зголеми данокот на доход првпат од 1970-те.
Цените на британските државни обврзници паднаа во средата и имаа послаби резултати во однос на американските и германските обврзници, што потенцијално укажува на загриженост на инвеститорите за изгледите на Стармер да ја задржи премиерската функција.
Пазарните стратези велат дека инвеститорите се загрижени дека доколку Стармер повеќе не е премиер, тоа би можело да доведе до преземање од страна на уште полевичарски ориентиран кандидат и зголемување на владиното задолжување.
Анкетите покажуваат дека Стармер е еден од најнепопуларните премиери на сите времиња, а неговата партија со месеци заостанува зад суверенистичката партија Reform UK, на Најџел Фараж.
Централнолевичарската Лабуристичка партија сега се подготвува за буџетска дебата на 26-ти ноември, а министерката за финансии Рејчел Ривс сугерира дека ќе мора да ги зголеми даноците за да ја пополни фискалната дупка, една година откако ги зголеми давачките за дури 40 милијарди фунти (53,7 милијарди долари).
Слични новости
Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков


